Примарна здравствена заштита

Услуги на Оаза Медика

Сеопфатна лекарска грижа за секој пациент - од рутински прегледи до насочени скрининзи, административна поддршка и далечински консултации.

Услуги Оаза Медика Услуги Оаза Медика Услуги Оаза Медика Услуги Оаза Медика

Што нудиме

Сите услуги на ординацијата, организирани по категории.

1
Основни и напредни дијагностички и терапевтски услуги
Прегледи, домашни посети, насочени скрининзи и терапевтски интервенции.
Форми на лекарска грижа
Прегледи во ординација - Општ преглед, консултации и следење на здравствената состојба.
Домашни посети - Посета на пациентот во неговиот дом кога неговата состојба не дозволува доаѓање во ординација.
Терапевтски услуги - Апликација на инјекции (ампуларна терапија), преврзување на рани и мали хируршки интервенции.
Насочени прегледи (скрининзи)

Кардиоваскуларен скрининг

Идеален за пациенти со висок притисок, стресна работа или фамилијарна историја на срцеви заболувања.

ВклучуваМерење на тензија, 12-канално ЕКГ со толкување, аускултација на срце и бели дробови, проверка на заситеност со кислород и пресметка на индекс на телесна маса.

Дијабетолошка проверка

Насочен преглед за рано откривање на дијабетес тип 2 или следење на постоечки пациенти.

ВклучуваГликемија на гладно, мерење обем на струк и тежина, едукација за исхрана и навремено превенирање на компликации.

Невролошки основен преглед

Насочен кон пациенти кои се жалат на вртоглавици, трнење на екстремитетите или болки во рбетот.

ВклучуваТестирање на рефлекси, сензибилитет на кожата, рамнотежа и координација.

ОРЛ скрининг

Фокусиран на пациенти со чести инфекции на увото или проблеми со слухот.

ВклучуваДиректна отоскопија на ушниот канал и тапанчето, преглед на грлото под силно светло, терапевтско чистење на слушен канал и останати тестови.

Останати специјалистички прегледи

Кога ќе постои доволен интерес, ќе организираме специјални термини во кои специјалисти од различни области ќе ординираат директно во нашата установа - без потреба пациентот да патува.

2
Превентивни услуги
Програми за рано откривање на болести и систематски прегледи.
Рано откривање на кардиоваскуларни болести - Мерење на крвен притисок, ЕКГ и следење на ризик фактори.
Скрининг за дијабетес - Контрола на шеќер во крвта кај одредени возрасни групи.
Превенција на бубрежни заболувања - Анализа на урина и следење на функцијата на бубрезите.
Скрининг за ментално здравје - Евалуација и упатување при знаци на депресија, анксиозност и слично.
Скрининг за преканцерозни состојби - Рано откривање на промени кои може да прогредираат кон малигна болест.
Систематски прегледи - За деца, ученици и одредени категории возрасни лица.
3
Административни и советодавни услуги
Рецепти, упати, боледувања, потврди и напреден систем за закажување.
Издавање рецепти - Препишување лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот (е-рецепт).
Упати - Издавање упати за лабораториски испитувања и специјалистичко-консултативни прегледи преку системот „Мој Термин".
Ефикасна листа на чекање - Напреден компјутерски систем за брзо закажување на штотуку објавен слободен термин кај доктори или специјалистички ресурси.
Боледувања - Утврдување на привремена спреченост за работа до 15 дена и стручно упатување на комисија за продолжување над 15 дена.
Потврди и извештаи - Лекарски потврди за оправдување отсуство од училиште или градинка, како и извештаи за здравствената состојба.
4
Телемедицина и далечински консултации
Стручна медицинска поддршка без физичко присуство.
Видео-консултации - Разговор за симптоми, следење на веќе пропишана терапија и толкување на лабораториски резултати.
Е-рецепти и е-упати - Продолжување на редовна терапија за хронични дијагнози по извршена онлајн консултација.
Мониторинг на витални параметри - Пациентот мери притисок или шеќер дома и ги соопштува податоците, кои се внесуваат во електронското досие.

Покриеност на услуги за осигурени лица

Преглед на тоа што го опфаќа вашето здравствено осигурување со ФЗОМ, доколку изберете матичен лекар во ПЗУ Оаза Медика.

Услуга Покриеност Опфат
Преглед во ординацијаБесплатноБез партиципација за осигурени лица.
Препишување лекови / упатиБесплатноСтандардна услуга и исто така е без партиципација.
Ампуларна терапијаПартиципацијаФондот го покрива поголемиот дел, согласно нивните референтни цени.
Домашна посетаПартиципацијаВо зависност од медицинската индикација, Фондот покрива одреден дел од трошокот за поминатото растојание.
Услуги кои не ги покрива ФЗОМНе е покриеноСè што е надвор од основниот пакет на ФЗОМ, како дополнители услуги, според однапред утврден ценовник.

Имате прашање за некоја услуга?

Јавете се или испратете е-маил - тимот на Оаза Медика е тука за вас секој работен ден.